Струјата во Македонија меѓу најскапите во регионот

Семејство што троши 200 киловатчаса евтина и 200 киловатчаса скапа струја би платило највисока сметка во Албанија, а најниска во Косово. По Албанија, највисоки сметки се плаќаат во Македонија, покажува анализата на цените на ДВ.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени за струјата, според кои струјата од 1 јули поевтинува, но ДДВ се зголемува од 10 на 18 отсто, па македонските граѓани ќе продолжат да плаќаат слични сметки како и досега. Според пресметките, тие се едни од највисоките во регионот, dw.com.

Во различни земји има различни тарифни модели, различни дополнителни трошоци, и различна стапка на ДДВ, па затоа ја анализиравме крајната сметка што треба да ја платат домаќинствата.

Семејство што троши 200 киловатчаса евтина и 200 киловатчаса скапа струја во Македонија ќе треба да плати 2745 денари, или 44,5 евра, што е за речиси едно евро повисока од досегашната.

ДДВ на струјата е 18 отсто.

Просечната плата во Македонија во април била 36.134 денари, па тоа значи дека семејство ќе треба за струја да плати 7,6 отсто од просечната плата.

Црна Гора – 13 отсто попуст за редовните плаќачи

Семејство што троши 400 киловатчаса струја во Црна Гора, од кои 200 во скапа и 200 во евтина тарифа, ќе плати сметка меѓу 37 и 44 евра, во зависност од тарифниот модел што го избрале и во зависност од тоа дали се редовни плаќачи. Во основниот модел, сметката во Црна Гора би била 40,84 евра. Редовните плаќачи добиваат 13 отсто попуст, па сметката ќе им биде 38,36 евра, покажува калкулаторот на Електростопанство на Црна Гора. Вакви се над 80 отсто од семејствата.

Сметките во Црна Гора зависат и од одобрената моќност. Ако одобрената моќност е повисока, и сметката е повисока. Вообичаена одобрена моќност за семејство се движи од 11,04 до 17,25 киловатчаса. Пресметките ги направивме со одобрена моќност од 17,25 киловатчаса.

Текстот во целост на: dw.com