Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Гостивар, 5 лица повредени!

Вчера во 09.40 часот било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(26) од с.Боговиње, патничко возило „фиат пунто“, управувано од Н.Г.(41) од с.Градец и патничко возило „сеат леон“, управувано од Ч.З.(28) од Гостивар, двете со гостиварски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „голф“ Г.И.(50) од с.Боговиње, а други четири лица од возилата се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

извор: МВР