Турските сили спасија 67 нерегуларни мигранти на отворени води кај Анталија

Турските сили спасија 67 нерегуларни мигранти на отворени води кај подрачјето на Каш при турската област Анталија, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Командата за крајбрежна безбедност, тимовите се упатиле кон местото на настанот откако добиле информации дека чамец со нерегуларни мигранти имал дефект на отворени води кај Каш и побарал помош.

Тимовите на Командата за крајбрежна безбедност спасиле 67 нерегуларни мигранти кои се наоѓале на чамецот.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.