Поранешниот претседател на Србија, министер за надворешни работи и потпретседател на Социјалистичката партија на Србија, Милан Милутиновиќ почина денеска на 81-годишна возраст, соопшти Ивица Дачиќ.
Ги извршуваше најважните функции во најтешкиот период во историјата на Србија. Моето најдлабоко сочувство до неговото семејство и пријателите. Јавноста ќе биде информирана за датумот на комеморацијата и погребот – изјави лидерот на СПС и министер за надворешни работи на Србија.
Милутиновиќ е роден на Свети Никола, 19 декември 1942 година, во Белград. Неговата сопруга Олга почина во 2017 година, а во брак беа 47 години. Зад себе го остави синот Вељко.