Во невреме во Словенија повредени две лица

Во силно невреме во Словенија воз излета од шините, поплавени се патиштата и оштетени се згради, а две лица се полесно повредени кога автобусот со кој патувале удрил во карпа, соопштија денес надлежните, пренесува Анадолу.

Поради обилните врнежи од дожд и силниот ветер синоќа во централниот дел на Словенија дошло до одрони на пругите и патиштата.

Воз што сообраќал од Зидан Мост кон главниот град Љубљана поради невремето ја забавил брзината, но излетал од шините кога удрил во камења.

Државната компанија „Словенечки железници“ соопшти дека во возот имало околу 20 патници.

Новинската агенција СТА објави дека во одрон удрил автобус од Загорје, што превезувал патници до Литија, а екипите на итната помош ги евакуирале патниците.

Во Љубљана поплавени се неколку куќи, а автомобил заглавил под надвозник.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.