Голема полициска акција во Скопје, Битола и Ресен, уапсени над 15 криминалци

Голема полициска акција е во тек во Скопје, Битола и Ресен, во која досега се уапсени над 15 криминалци, според она што првично го објави МВР.

Се прават претреси на повеќе локации, при што биле пронајдени поголемо количество муниција и други предмети поврзани со кривични дела.

Полицијата најавува повеќе детали во текот на денот, по завршувањето на акцијата.

 

извор: lokalno.mk