ТВ 24: Лицата со дијабет се жалат дека нема лекови и ленти

Повеќе од сто илјади граѓани со дијабет повеќе од половина година не можат да дојдат до глукомери, ленти, игли и таблети за контрола на шеќерот. Наместо државата да ги обезбеди, пациентските здруженија се приморани да барат донации од приватни фирми или пак да си позајмуваат меѓусебе, објави 24.mk.

„Сите граници на толеранција се преминати. Ние како Сојуз кога можевме да обезбедиме 400 апарати по пет кутии ленти – донација за 400 најзагрозени лица со дијабет, значи ова Министерство може многу повеќе да обезбеди донации и навремена дистрибуција. Кога ние како Сојуз обраќајки се до општествено одговорни компании успеавме да обезбедиме 30 сензори за лица со тип 1 дијабет и со проблеми за два месеци тогаш ова Министерство и оваа држава можат да го обезбедат истото“, вели Димче Велев – Претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Меѓу лицата со дијабет има и повеќе од 500 деца.

„Значи најмладата категорија-децата не можат да дојдат до инсулин, се снаоѓаме меѓу себе, комуницираме во заедничка група, кој има на залиха по едно по две пенкала си позајмуваме“, вели Јордан Синадинов – Здружение на дијабетичари.

Текстот во целост на: 24.mk