Во судир на два автобуси, од кои едниот двокатен туристички автобус, синоќа во Њујорк, на Менхетен, се повредени 18 лица кои се пренесени во болници, соопштија службите за итна помош.
Судирот се случил синоќа околу 19 часот по локално време (1 часот по полноќ во петокот по средноевропско време), изјави заменик-началникот на противпожарната служба на Њујорк, Кевин Марфи.
Според официјалните извештаи, неколку повредени се со расекотини, набиеници, со сомнителни скршеници и повреди на главата и вратот, но, како што наведоа, никој нема повреди опасни по живот.
Покрај повредените кои се пренесени во болници, лекари на местото на судирот прегледале уште шеесетина патници.
Се уште не е познато како дошло до судирот.
nova.rs