Славчо Попоски најавува температури над 45 степени кај јужниот сосед

Екстремниот африкански бран кој се очекува да ја зафати Македонија и Балканот од понеделник 10 јули, ќе донесе доста високи температури.

Метео прогнозерот Славчо Попоски во своите објави најавува искачување на живата во термометарот на над 45 степени Целзиусови кај нашиот јужен сосед.

-Ќе се мерат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот следната седмица! Во Македонија над 40 степени, додека во соседна Грција и рекордни над 45 степени! НАПОМЕНА: Очекуваните температури ќе се мерат под сенка, додека на сонце истите ќе бидат МНОГУ ПОВИСОКИ!, пишува Попоски.

 

foto FB