Турските пожарникари успеаја да го изгаснат пожарот што избувна во текот на претходната ноќ во ресторан во познатата палата Топкапи во Истанбул, главна резиденција и административно седиште на османлиските султани, јавува Анадолу.
Причината за пожарот не е позната.
Полицијата, пожарникарите, медицинските и тимовите за природен гас веднаш по дојавата излегоа на терен за да го изгаснат пожарот.
Работеа два часа за да го стават пожарот под контрола и да го изгаснат.
Ресторанот претрпи значителна материјална штета.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.