Трагедија во Албанија: Татко и две малолетни деца се удавиле додека пливале во морето

Трагедија денеска се случи на албанското крајбрежје, во која семејство од Тирана, остана без тројца свои членови, кои се удавија кај познатата плажа Виле-Боштово, кај Каваја, објави plusinfo.mk.

Лицето идентификувано како Елвис Халилај на 50-годишна возраст и неговите двајца малолетни синови на 13 и 15 години се удавиле додека пливале во морето.

Поморските служби веднаш интервенирале за да ги спасат, но без успех, тројцата починале од силните морски струи.

Помош се обиделе да дадат и затекнатите капачи на плажата, но безуспешно. Телата се предадени на обдукција.

Извор:plusinfo.mk