Одземено бесправно посечено дрво

На ден 01.07.2023 година од страна на реонските шумочувари во делот на село Кнежино Шумско стопанска единица Дреново, затекнати се лица како бесправно носат дабово огревно дрво, нежигосано и без испратница.
По извршената контрола констатирано е дека дрвата потекнуваат од бесправна сеча и истите се одземени и пренесени во склад на Лопушник, а против лицата затекнати на лице место ќе биде поднесена соодветна пријава.