Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер во Крагуевац

Српскиот град Крагујевац, вечерва го погоди силен земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала. Апарати на Сеизмолошкиот завод на Србија го регистрирале во 17:25 часот.

Исплашени граѓани на социјалните мрежи споделуваат дека почувствувале силно тресење. Имало и втор потрес кој бил со јачина од 2,3 степени.

фото: Архива