(ВИДЕО) Стаклото на мостот „Око“ е испукано, Ангелов со апел да не се гази

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се појавиле пукнатити на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје.

Како што рече Ангелов, мостот е стабилен и во одлична состојба, но стаклата се напукнати.

Ние го известивме Градот Скопје дека добивме пријава. Преставници на Градот во непосредна комуникација со мене ми кажаа дека ваквите стакла се безбедни и работат на нивна замена бидејќи се специфични, рече Ангелов на прес-конференцијата на тема „Состојбата со мостовите“.

Додаде дека најверојатно станува збор за вандализам. За секој случај, истакна директорот на ЦУК, не е лошо граѓаните да не газат по овие пукнатини.

Имаме укажувања од градот дека нема да се скршат, рече Ангелов.

Мостот „Око“ е изграден со финансирање од Општина Центар, во времето на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, но надлежноста за одржување на мостовите во Скопје е на Град Скопје.

видео:Центар за управување со кризи