Понекогаш искреното сведочење на децата за нивните религиозни убедувања може да биде инспирација за сите нас. Таков е случајот со момчето Каи Медисон Бредфорд (Kai Madison Bradford).
Едно мало момче смело го прогласило Исус за свој Херој, кога го прашале за тоа на час. Момчето ја искористи приликата да им каже на сите за она што го направил Исус и за благата вест што ја носи Спасителот Христос.
Во свет каде што не е секогаш лесно да се зборува за верата јавно, а уште повеќе во училишната средина, Каи Медисон Бредфорд имаше можност да ги инспирира другите да научат повеќе за Господ и за неговата порака за љубов и надеж, откако со многу љубов го презентираше својот „суперхерој“, за сите прекрасни работи што ги направил.
За време на училишните активности каде што учениците требаше да ги претстават своите омилени херои, Каи го избра Исус за свој Херој и не се двоумеше да сподели за Него со класот, сеќавајќи се дека споделувањето на нашата вера може да биде моќен начин да влијаеме на другите и да го шириме зборот за Божјата љубов.
Исус како Херој
Наставникот побарал од учениците да го претстават својот омилен херој. Освен тоа, им било наложено да споделат за нивниот херој со класот и да зборуваат во прво лице, имитирајќи го ликот кој е нивниот суперхерој. За Каи Медисон Бредфорд негов Херој беше Исус, а презентацијата носеше наслов „Добри Вести“.
Мајката на Каи, Кристи, не можеше а да не се чувствува горда на својот син. Таа сподели: „Тој сам го избра својот Херој. Нема поголем Херој што би можел да го избере. Многу сум горда на тебе, мое мало синче!“ – а тоа го сподели и преку својот профил на социјалните мрежи.
Тој ја започна својата презентација: „Јас сум Исус Христос. Роден сум во Витлеем пред 2.000 години. Јас сум Син Божји“. Сите молчеа и внимателно слушаа додека седеа на подот од училницата.
View this post on Instagram
Каи продолжи да зборува за својот посебен Суперхерој и одвреме-навреме ја гледаше својата презентација, за да не се изгуби и пропушти нешто. Потоа смело објави дека Исус е патот, вистината и животот. „Јас сум патот, вистината и животот“, продолжи тој. „Никој не доаѓа кај Отецот освен преку Мене“ (Јован 14, 6).
„Умрев на крстот за твоите гревови“.
Неговото излагање беше кратко, но ги собра сите вистини на верата во Христа. Овој херој ги сподели со своите придружници причините зошто Исус за него е најголемиот Херој од сите.
Тој тоа го објасни вака: „Јас сум Херој, затоа што дојдов како бебе, живеев совршен, безгрешен живот. Јас умрев на крст за твоите гревови и воскреснав три дена подоцна, за да имаш вечен живот со Мене на Небото“.
Малото момче не заборави да спомне дека она што Исус го направи на крстот, е токму она што луѓето треба да го слушнат денес, добрата вест од Евангелието.
„Тоа е добрата вест!“ заврши со голема радост.
Многумина го пофалија Каи, затоа што бил воспитан да верува во Бога, како и неговите родители што го воспитале во спознанието за Бога. Способноста на неговите родители да го научат својот син на вредностите и учењата на верата е восхитувачки за истакнување и за пофалба. Каков одличен пример за етичко и духовно образование што треба да се сподели!
Еден од коментаторите, меѓу другото, изјави дека она на што родителите го учат Каи, „токму тоа треба да се учи во нашите училишта!“. Тој додаде: „Пофалба за него! Многу добра работа млад човеку!“
Бигорски манастир