Игор Џамбаов наполни 60 години, во објавата напиша „Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина„

Мега популарниот Игор Џамбазов наполни 60 години. Покрај бројните честитки на својот ФБ профил напиша:

-Да беше животов хокеј, овој ден ќе беше почеток на последната, трета третина.
Ако на крајот биде нерешено, ќе има и продолжетоци…
Јадев 60-ка со кромид, среќен ми роденден и на здравје нека ми е!
#60