Фотографија на денот: Полицаец од Сараево го запре сообраќајот поради слатко семејство

На Инстаграм профилот на Раја.сарајева е објавена фотографија од една несекојдневна ситуација која воодушеви многумина.

 

Имено, случаен минувач го снимил моментот во Сараево кога полицаец го запрел сообраќајот за патката и пајчињата безбедно да преминат на другата страна на улицата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarajevo, 71000📍 (@raja.sarajeva)

Полицаецот го регулирал сообраќајот за да го забрза протокот на возилата, но кога на патот била пронајдена патка со пајчиња, ги запрел возилата за да поминат од другата страна.

Глетката воодушеви многумина, па членот на КС МУП доби бројни пофалби на социјалните мрежи.

 

„Прво човекот, а потоа се останато. Браво“, „Фотографија на деценијата“, „Убава“, напишаа луѓето на Инстаграм.

 

 

n1info.ba