Неспособната власт предводена од ДУИ и СДС повторно удира по џебот на граѓаните. Наместо помош за граѓаните преку намалување на даноци, субвенционирање на основни потреби на граѓаните, криминалците на власт предложуваат зголемување на ДДВ-то за купување на пелети од 5 на 18 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека по враќањето на ДДВ-то за електрична енергија на 18%, овој пат државата ќе мавне повторно по џебот на обичниот граѓанин.
-Ова ќе биде сериозен удар за и така малиот и скромен буџет на граѓаните. Над 50 илјади фамилии во државата кои користат пелети како огревно средство во зимскиот период, сега ќе мора да платат за 3 пати повисоки давачки кон државата за престојната зима.
Според пресметките секое семејство во зимскиот период со купување на пелети од својот буџет ќе треба да издвои плус над 6000 денари, за давачки кон државата преку зголеменото ДДВ од повластеното 5 на 18%.
Дали и преку оваа одлука на Владата, се носи со единствена цел, огромен профит за фирми блики од ДУИ и СДС кои тргуваат со ова огревно средство.
Владата на ДУИ и СДС треба веднаш да ја повлече оваа одлука. Граѓаните не треба да бидат изложени на уште поголеми давачки во оваа криза, стои во партиското соопштение.
фото: Архива