Димитар Ковачевски очајнички се понижи на отворена сцена, бранејќи Крешник Бектеши и ДУИ- Рудници во струмичко нема да има, велат од ВМРО ДПМНЕ

Денес граѓаните беа сведоци како Димитар Ковачевски јавно на отворена сцена понизно и очајнички застана во одбрана на Крешник Бектеши и ДУИ.Сите се виновни, па дури и службениците во министерството за економија, а можеби и портирот, само никако не смее да биде виновен Бектеши, Али, Груби…Ковачевски, како до сега, што би кажал неговиот стопан Али Ахмети заборава дека живее во 2023 година па му стана хоби да се враќа во времето кога со грамогласен аплауз и видно задоволен ракоплескаше на функционерите на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.Уште една во низата криминални тендери и концесии за ДУИ и фирми блиски до ДУИ, кој СДС ги аминува, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Рудници во струмичкиот регион нема да има.Затоа го прашуваме пиунот Ковачевски кој, зошто и за каква намера се споени концеситее за рудник во Иловица?Дали Ковачевски додека мирно стоел пред Али и безпреговорно ги слушал неговите наредби, барем се обидел да го праша, која фирма се наоѓа како дел од концесионерите кои би вршеле ископ?И на крај, нека реши сам Димитар Ковачевски, дали ќе се осмели да го разреши Бектеши бидејќи ги довел во заблуда останатите министри, или ќе ги разреши оние министри кои гласале на влада, а не знаеле што гласаат, па така сега во прашање е здравјето на граѓаните и екологијата во струмичкиот крај.Господине Ковачевски, граѓаните повеќе не ни ве слушаат, а не пак да ви веруваат. Осмелете се, охрабрете се и да одиме на предвремени парламентарни избори, па тогаш гласот на граѓаните да ви каже дали живееме во 2023 година, во 2012 или пак во времето на транзицијата.

извор: ВМРО ДПМНЕ