Гостиварец, си ја истепал мајка си и го оштетил домот – полицијата го уапси

Вчеравечер, 16 јули, околу 22 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 43-годишниот гостиварец Ж.С., кој пред тоа бил пријавен од неговата 66-годишна мајка дека физички ја нападнал и дека ја оштетил покуќнината во домот, известува СВР Тетово.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот.

 

извор: МВР