На денешната прес конференција пратеникот Бране Петрушевски одговарајќи на новинарско прашање во однос на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на изјавата на министерот за правда Кренар Лога дека предлог законот за амнестија за полесни кривични дека е прифатен од сите фактори и пратенички групи, нагласи дека ниту го виделе, ниту прифатиле, но министерот Лога да го пушти на увид, по што ќе изградат став.
„Овој закон ниту е прифатен, ниту е виден од страна на ВМРО-ДПМНЕ. На таа средбата со координаторите на пратеничките групи министерот Лога само информираше дека се подготвува закон и дека ќе ни го пушти на увид. Кога ќе го видиме законот тогаш ќе го изградиме ставот по ова прашање. Не може власта, во случајов Кренар Лога да ги злоупотребува тие средби, на кои само општо не брифира и потоа информира медиуми дека некој нешто прифатил. ВМРО-ДПМНЕ не функционира на тој принцип како власта да носи ставови за прашања за кои ги нема на увид во конкретни законски измени“ нагласи Петрушевски.
извор: ВМРО ДПМНЕ