Ова е само почеток, рече Сајмон Луис за пеколното време кое ја зафати Европа, САД, но и Кина со температури и над 45-тиот степен, пренесува Јаху Њуз. Сајмон е претседател на науката за глобални промени на Универзитетскиот колеџ во Лондон. Тој го предвидува следното:
– Сегашната политика на глобално ниво прави да достигнеме затоплување од 2,7 степени до 2100 година. Тоа е навистина застрашувачко.
Всушност глобалната температура веќе е зголемена за 1,2 степени од она што било кога во светот не постоеле фабрики, возила и индустрија. А Европа ќе се пече на максимални 46 степени летово, пишува Би-Би-Си. Тоа ќе се случи во Сардинија во Италија. А според ЕСА, Европската вселенска агенција, на Сардинија и Сицилија всушност се очекува пик од 48 степени!
Црвен аларм е вклучен во 20 градови во Италија. Во текот на денот и во сенка во централна-северна Италија температурата може да достигне 38-39 целзиусови степени, додека во Лацио, особено во Рим, ќе достигне од 42 до 43 степени, соопшти метеоролошката служба.
Јужна Шпанија на 45 степени се бори со Кербер, троглавото куче од митологијата или Харон кој ги носи душите во пеколот, како што некои го нарекоа африканскиот топлотен бран. Но, овој бран, наречен и антициклон се чини дека е глобален феномен.
Текстот во целост на: plusinfo.mK