Ердоган на саудискиот престолонаследник му го подари првиот турски автомобил „Тогг“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера му го подари првиот турски електричен автомобил „Тогг“ на саудискиот принц Мохамед бин Салман, јавува Анадолу.

За време на посетата на кралската палата Ал-Салам во Џеда, Ердоган и Бин Салман одржаа состанок, по што следуваше состанок на делегациите.

По разговорот, Ердоган на саудискиот престолонаследник му подари бел „Тогг Памуккале.“

Двајцата лидери заедно го разгледаа возилото во дворот на палатата.

По завршувањето на посетата, Ердоган се врати во својот хотел со „Тогг“, управуван од Бин Салман.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.