Полицијата во Берлин испрати предупредување дека голем предатор, најверојатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин. Жителите се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории.
German police are asking people near Berlin to stay inside after a big cat, believed to be a lion, was seen pic.twitter.com/1tspcIikrQ
— BNO News (@BNONews) July 20, 2023
Полицијата и пожарникарите објавија на социјалните мрежи во четвртокот наутро дека веруваат дека дивото животно забележано во текот на ноќта е веројатно лавица.
„Не знаеме од каде дошла“, изјавил портпаролот на локалната полиција.
Тој додаде дека зоолошките градини, парковите за животни, циркусите и објектите за заштита на животните во областа не пријавиле исчезнатата лавица. Сведок ја алармирал полицијата за присуството на големата мачка откако ја снимил во грмушките, од својот автомобил. Некои сведоци тврдеа дека снимиле видео од голем предатор кој лови и убива дива свиња.
Полицијата соопшти дека хеликоптери се користат за потрага по животното во предградието Клајнмахнов и соседните заедници. Клајнмахнов се наоѓа на јужната периферија на Берлин и има околу 20.000 жители.
видео: Твитер BNO News