Разорното невреме од Балканот, може да дојде и во Македонија, најавува Попоски

0
1008

Спред најновите анализи со кој ние располагаме, но и според најновото ажурирање на нашата алатка за рано предупредување на невреме “NOTHAS”, денес доцна попладне и рано навечер, особено во североисточните предели од државава можна е појава на изолирано невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Оваа нестабилност би можела да помине низ Куманово, Крива Паланка и да се спушти кон Делчево.

Екстремно високите температури продолжуваат и понатаму во Македонија, па така тие речиси насекаде ќе надминуваат 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе надминуваат и 40 степени, особено во вторник кога во тие предели можно е температурата да се искачи и до близу 45 степени. Ув индексот и понатаму ќе има екстремно висока вредност (вредност 10).

Во Скопје и околината исто така температурата ќе достигнува до близу 40 степени, а во вторник можно е таа да се искачи и малку над 40 степени.

Големо освежување на времето и пад на температурите дури за околу, па и за повеќе од 10 степени очекуваме од ноќта среда кон четврток, и сево ова ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец, но врнежи не се очекуваат со ова освежување, истакнува во својата анализа Попоски.