Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Ресен, едно лице загина

0
509

Тешка сообраќајна несреќа меѓу автомобил и камион утрово на патот Прилеп – Ресен во која едно лице го загуби животот.

Од СВР Битола потврдија дека сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, а повеќе информации за несреќата најавија во текот на денот.

Несреќата се случила во близина на Битола кај местото викано „Кукречанска раскрсница“.

извор: Телма