Опожарено телото на возачот кој загина по судар на патот Прилеп–Ресен

0
535

Тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице се случи рано утрово кај Битола.

Од МВР известуваат дека во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп–Ресен, од крстосница за с.Кукуречани до место викано „Билбил Камен“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) и патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки.

При несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, соопшти МВР.

Увид извршила екипа од СВР Битола.

извор: МВР