Почина бебе во Србија од изгореници при капење

Едногодишно девојче од Ваљево, Србија, починало од изгореници од топла вода додека се капело.

Лекарите се обиделе да ја реанимираат, но нивните напори не дале резултат. Инаку, 25-годишната мајка вчера во Ургентниот центар во Ваљево ја донела својата едногодишна ќерка без свест.

25-годишната жена и нејзиниот сопруг имаат четири малолетни деца, а се претпоставува дека повреденото девојче се здобила со изгореници кога нејзиниот тригодишен брат истурил топла вода во кадата, пишува Телеграф. Мајката во тоа време не била во бањата. Српските медиуми јавуваат дека сѐ се случило синоќа околу 21:30 часот.

kurir.mk