(ВИДЕО) Канадер се урна при гаснење на пожар во Грција

Канадер се урна додека се обидувал да изгасне пожар во Каристос, Грција. Последните информации велат дека канадерот паднал во селото Платанистос, каде пожарот се уште е активен.

Заменик-регионалниот шеф на Евија ја потврди веста за evima.gr, велејќи дека жителите на областа го виделе падот на авионот. Во авионот имало двајца членови на екипажот и паднал во клисура на многу непристапно место.

„Го видов канардот како паѓа пред мене, многу сум потресен, се надевам дека луѓето се добро“, вели еден од жителите кој го видел падот на канадерот.

Платанистос и Ливади беа двете села каде копнените екипи и волонтерите, заедно со возилата на локалните власти (ОТА), се фокусираа на запирање на пламенот, кој буквално гореше покрај куќите, пренесува Евима.

 

извор: Евима.