Жителите од Слупчане го оставија граничниот премин „Табановце“ без струја

Продолжуваат противправните активности на жителите на село Слупчане.

Тие повторно извршиле манипулации во мрежата и предизвикале дополнителен дефект поради што без снабдување остана граничниот премин „Табановце”.

Од ЕВН ја потврдија информацијата и додадоа дека снабдувањето на граничниот премин е нормализирано.

 

фото: Архива