На Галичник зголемено присуство на мечки, жителите стравуваат и бараат помош од надлежните

0
170

Месната заедница Галичник повеќе пати испраќа апел до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Државниот инспекторат за ловство укажувајќи на проблемот со зголемено присуство на мечки во Галичник, но немаат никаков одговор. Тие велат дека стравот е присутен меѓу населението и бараат што побрзо да се реши проблемот.

– Дописи се доставени преку архивите на двете институции во 2019 и 2020 година, а минатата недела се обративме на службениот мејл на Инспекторатот. Апелираме надлежните да дејствуваат и да дадат насоки на локалното население. Одомаќинети диви животни во населени места претставуваат голема опасност за населението, велат од МЗ Галичник.

Дописите од МЗ Галичник до ресорните министерство на овој линк.