(ВИДЕО) За влакно избегната трагедија: Се сруши бетон од зграда во Нови Сад кога поминуваа две момчиња

На социјалните мрежи е објавена видео снимка на која се гледа како две момчиња за влакно избегнаа сигурна смрт по невремето што го зафати Нови Сад.

Момчињата за малку ќе настрадаа кога дел од бетон падна од зградата покрај која поминуваа.

На видеото, снимено од камера од автомобил во близина, може да се види како момчињата кои минувале меѓу зградите успеале да го избегнат бетонот кој се урнал во последен момент.

извор: Република