Пожарите во Грција стигнаа и до Олимпија

0
230

Грчките пожарникари ставија под контрола неколку шумски пожари во близина на античкиот локалитет Олимпија на западниот полуостров Пелопонез, објави Штабот на противпожарната служба.

Управата за цивилна одбрана и противпожарни служби, исто така, издаде предупредување дека второто највисоко ниво на опасност од пожар е на сила во многу региони.

Властите во Олимпија, големиот локалитет каде што се одржуваа древните Олимписки игри на секои четири години, во саботата активираа систем за гаснење пожар кој автоматски го посипува местото на пожар со вода.

Шумскиот пожар во 2007 година уништи многу дрвја во близина на Олимпија.

Државното радио во неделата објави дека полицијата уапсила осомничен пироман во близина на Олимпија.

Грчката метеоролошка служба предвидува температури од околу 36 степени за наредните денови.

Живата се искачи многу над 40 степени во топлотниот бран кој траеше речиси две недели и заврши во четвртокот.

извор:slobodnaevropa.mk