(ВИДЕО) Цело семејство диви свињи се прошетаа на плажа во Италија

0
353

Група диви свињи кои шетаат по преполна плажа, најверојатно мајки со своите прасиња, деновиве ги обиколи италијанските социјални мрежи и медиуми, иако случката е точно од 12. јуни.

Тие мирно се прошетаа на плажата Сан Фрутуозо во Камогли, додека таа беше полна со капачи, пренесува morski.hr.

На видеото се гледа како дивите свињи мирно минуваат покрај туристите, веројатно барајќи нешто за јадење, откако ги поминале патеките на паркот Портофино и така стигнале до морето. Дивите животни ги намирисуваат ранците и пешкирите додека луѓето околу нив се релативно мирни.

Меѓутоа, во Италија има вонредна состојба поврзана со овие животни, откако минатата недела на плоштадот Палермо во центарот на градот беше касната 35-годишна жена.

И покрај бројните пријави од граѓаните за присуство на диви свињи, во моментов нема регулатива од општина Џенова против овие животни присутни на територијата на Лигурија. Градоначалникот на Џенова, Марко Бучи, објасни дека општинската администрација работи на обидот да се реши проблемот, но ситуацијата не е едноставна и со години се повторуваат напади кои стануваат се поопасни и го ставаат во опасност целото население.

 

 

faktor.mk