Мал авион од типот „Цесна“ излетал од пистата и удрил во дрво при слетување во Хрватска

Мал авион од типот „Цесна“ излетал од пистата и удрил во дрво при слетување во Сињ, при што биле повредени пилотот и копилотот, извести вечерва Дирекцијата за цивилна заштита на Хрватска.

Пилотот и копилотот се повредени во несреќата што се случи околу 19:30 часот, кога авион „Цесна 172А“ излетал од пистата и при слетување удрил во дрво.

Центарот на округот 112 Сплит добил дојава во 19 часот и 30 минути дека на аеродромот Сињ се случила несреќа при слетување на мал авион.

извор: Твитер Ravnateljstvo civilne zaštite MUP-RH