(ФОТО) Автомобил на српски туристи се запалил во Грција, го гаснеле Македонци и Грци

Семејство од Србија доживеало незгода на автопатот додека се враќало дома од одмор во Грција, кога нивниот автомобил се запалил.

Приказната за солидарноста и помошта при несреќната околност, семејството ја сподели на социјалните мрежи.

Како што пишуваат на социјалните мрежи, Македонци и Грци се нашле на местото на настанот и им помогнале да го изгаснат опожареното возило.

Семејството јавно изразува благодарност до овие храбри луѓе.

-Почит за нашите пријатели на автопатот, Македонци и Грци се здружија да ни го изгаснат автомобилот што се запали на враќање од море“, порачаа од семејството.