(ВИДЕО) Цела плажа стана на нозе кога ја слушнаа химната „Хеј Словени“ – интересно видео од Улцињ

Хит на социјалните мрежи стана снимката од туристите на плажа во Улцињ како стојат во место додека одекнува химната „Еј, Словени“.

„Крај на ‘работниот’ ден на плажата Мохито во Улцињ“, се наведува во описот на видеото.

По завршувањето на химната, публиката почна да аплаудира. Мештаните велат дека се пушта секој ден во текот на летото точно во 18 часот.

„Еј, Славени/Hej, Sloveni“ беше официјалната химна на Југославија. Напишана е од словачкиот свештеник Самуел Томашик во 1834 година како химна на панславизмот. Музиката е заснована на химната на Полска.

извор: Република