Лажна вест е тоа дека некој може од ново да го преговара договорот за евроинтегративниот пат на Македонија постигнат минатото лето – вели во ексклузивно интервју за Канал 5 американската амбасадорка Анџела Агелер…
„Европската унија беше кристално јасна за тоа што се бара од оваа земја за да се придвижи напред кон интеграцијата и да биде целосно рамноправна членка на евро-атлантската заедница. Тоа ќе се постигне со исполнување на обврските од договорот постигнат минатото лето и со тоа да оди напред низ разните пристапни процеси.
Лажна вест е тоа дека некој може да го репреговара договорот постигнат минатото лето. Тоа е лажна вести. Исто така лажна вест е дека е можен подобар договор кој сè уште не сме го откриле.
Амбадорот на ЕУ овде во Скопје Гир, но и Брисел беа многу јасно дека ова се барањата за одење напред. Така што уште еднаш, наместо да биде заглавени во историски прашања и контексти, тоа што е барање на граѓаните од политичарите кои ги избрале, е тие да работат за нивните интереси и да ја придвижат земјата кон Европската унија.
Тоа е местото каде што се можностите за економски раст, образование, социјала, трговија и многу други можности постојат. И навистина искрено за надевам дека тие ќе ги направат тешки одлуки.“, рече амбасадорката Агелер во интервјуто за Канал 5, кое целосно ќе го емитуваме по вестите во 18.00 часот.