Врз основа на проектот што го подготви архитектот Славко Брезовски, изградбата почна на 23 април 1972 осветувањето е извршено по повод 1150 годишнината од раѓањето на патронот, св. Климент Охридски на 12 август 1990 во времето на Архиепископот Охридски и Македонски Господин Господин Гаврил.
Црквата е од тип ротонда, со димензии 36 x 36 м. и се состои од само од куполи и лакови, под кои е опфатена површина од околу 1.000 м2. На тој простор може да се соберат речиси 6000 верници.
Главната црква му е посветена на Св. Климент Охридски, а долната црква на св. Богородица и воедно е најголемиот храм на МПЦ.
FB Патувања низ Македонија