Скопјанка пронајдена мртва во станот каде што престојувала

37-годишна скопјанка со иницијали А.Ц. била најдена мртва во домот во кој што престојувала.

Според информациите од полицијата, телото на жената било најдено синоќа.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

 

 

sitel.mk