Столе Кракутовски, угостител од Берово и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ го оствари ветувањето за обнова на вечниот дом на војводата Даме Груев.
-Минатата година на панихидата во спомен на апостолот дадов ветување дека ќе го обновам неговиот вечен дом и тоа сега и го исполнив.
Ова е мал чекор во поттикнување на државните и локални функционери дел од средствата што ги земаат од Македонија да ги наменат за зачувување и возобновување на Македонските историски вредности.
Вечна ти слава Војводо, се вели во објавата на Кракутовски на фејсбук.
delcevo365.mk