(ФОТО) Во Црна Гора започна натпреварот во лежење

Во црногорското етно-село Брезна, кое се наоѓа помеѓу Никшиќ и Плужин, денес 18.08.2023 започна традиционалниот натпревар во излежување.
Дванаесеттиот собир има рекорден број на натпреварувачи досега 21.

Меѓу учесниците е и победникот од 2021 година, Дубравка Алексиќ од Подгорица, која го држи рекордот во лежење од 117 часа. Наградниот фонд, споредено со претходните години е зголемен и натпреварувачот кој најдолго ќе лежи ќе добие награда од 1.000 евра.

Правилата се такви што учесниците не смеат да станат, туку им е дозволено да спијат, читаат книги, јадат и пијат.

На секои 8 часа, на натпреварувачите им е дозволено да користат бања.
Ова е натпревар кој ја прави Црна Гора единствена во Европа.

 

 

nasatv