(ФОТО) Високо во карпата православен манастир на Цариградската патријаршија

Долж брегот на Црното Море во Мала Азија се протега планински венец, чии врвови достигнуваат височина од над 3000 метри. На еден карпест гребен на Понтиските планини се наоѓа една од најубавите градби во овој регион.

Манастирот Сумела е православен манастир на Цариградската патријаршија, на североисток од денешна Турција, во областа Трабзон. Изграден е кон крајот на IV век на падина на надморска височина од околу 1200 метри. Од размената на населението меѓу Турција и Грција, во 1920-тите и 1930-тите години, манастирот пропаднал. Од 2010 година на црквата има дозвола таму само да ја слави Богородица. Инаку е музеј и вистинска туристичка атракција.

DW