Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди Романија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ. Потресот бил во 00.39 часот по локално време, по што следеле и неколку послаби потреси.

Епицентарот на земјотресот бил на 79 километри североисточно од Дробета-Турну Северин, на длабочина од 13 километри. Нема вести за повредени или евентуална материјална штета.

извор: ЕМСЦ