На Халкидики се удави татко кој се обидувал да го спаси 8-годишниот син

Трагедија утрово во Грција на плажата „Лагониси“ на Халкидики,откако татко се удави обидувајќи се да го спаси своето осумгодишно дете, кое ветерот го однело во морето.

Како што соопшти крајбрежната стража во 11:30 часот (според грчко време), 48-годишен маж бил извлечен од морето во бессознание кај плажата Лагониси.

Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот кој бил на душек, а силниот ветер го однел на отворено море. Момчето било спасено со чамец, додека таткото не успеал да преживее.

Тој бил извлечен од морето во несвест и пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.

Засега не е откриено од каде е загинатиот турист.

фото: Архива