Прерано замина авторката и професорка од Педагошкиот факултет св.Климент Охридски, Симона Палчевска, која почина на само 51 година.
Палчевска важеше за врвен професор, обожаван меѓу студентите, а исто така беше соработник и автор во Просветно дело. Таа починала по кратко боледување.
– Со голема тага и неверување ја примивме тажната вест за прераната смрт на нашата долгогодишна авторка, соработничка и голема пријателка
проф. Симона Палчевска.
Почивај во мир драга наша професорке
Сочуството до семејство – стои во објавата посветена на професорката од „Просветно дело“.
faktor.mk