За промовирање на објавите на премиерот Димитар Ковачевски и на неговата партија СДСМ се трошат огромни суми пари месечно на социјалните медиуми, Фејсбук, Инстаграм и други, покажува базата на реклами на компанијата Мета, во чија сопственост се овие социјални медиуми, анализира „Плусинфо“.
Преку оваа алатка може да се истражуваат, филтрираат и да се преземаат податоци за рекламите за социјални прашања, избори и политика, можат да се проверуваат вкупните трошоци на одредени огласувачи и податоци за трошење по географска локација.
Од профилот на премиерот Димитар Ковачевски во последниве три месеци се потрошени 18.680 евра за бустирање на неговите објави на Фејсбук, односно рекламирање на неговите содржини. Овие рекламирања ги нарачал и платил СДСМ.
Целата анализа на „Плусинфо“