Остра анализа и коментар за проширувањето на економскиот сојуз БРИКС со шест нови членки даде Рамон Шак за Берлинер Цајтунг, а во насловот стои дека тоа ќе биде личен пораз за Урсула Фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија.
Неодамнешниот интерес за вклучување во БРИКС кое го покажале 23 земји, влезот на моќната Саудиска Арабија и спојот на глобалниот Исток со глобалниот Југ не останаа незабележани во германските медиуми.
Речиси половина планета
Статијата вели: „Речиси половина од светското население, вклучително и некои од најбрзо растечките економии, наскоро ќе се најдат во овој вистински глобален сојуз“.
За Жосеп Борел, пак, највисокиот дипломат на ЕУ, се вели дека тој сè уште ја гледа „Европа како градина, а остатокот од светот како џунгла“, а треба „да ги сфати ограничувањата на моќта на ЕУ“.
Крајно време е ЕУ да се еманципира од САД
„Ерата кога Европа можеше да командува со светот е одамна минато. Во геополитичките институти во Ханој, Виентиан и Пном Пен, ЕУ тешко се доживува како независен глобален политички актер, туку како продолжена рака на интересите на Вашингтон. Крајно време е блокот „да се еманципира од Соединетите држави во однос на надворешната и одбранбената политика за да може да се правда за новата глобална реалност и рамнотежа на силите“, продолжува написот.
Ова е пресвртница, историја…
Неодамнешниот самитот на БРИКС во Јужна Африка статијата го оценува како „пресвртница“ во светската политика.
„Додека многу западни медиуми сè уште ги користат термините како „состанок на пазарите во развој“, веројатно како израз на неоколонијален став на Западот кон БРИКС, овие денови испишаа историја во Јужна Африка“, се заклучува во текстот.
plusinfo.mk