Во Охрид денеска почнува регионалната конференција „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“.
Конференцијата ќе трае до вторник, а организатори се Одделението за јавна дипломатија на НАТО, Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар – Гармишпартенкирхен, НАТО Колеџот во Рим и невладината организација Маршал центар од Република Северна Македонија.
Стабилноста на Балканот и улогата на земјите од регионот и украинското прашање, се темите на кои ќе се дебатира. Меѓу предавачите ќе бидат професори од САД, од НАТО колеџот во Рим, експерти и дипломати од областа безбедноста од балканските држави и ЕУ.
Според најавата, се очекува конференцијата да ја отворат претставници на НАТО, амбасадори, претставници од дипломатскиот кор, како и министри од земјава и од регионот.
nezavisen.mk