Македонскиот борец, Горјан Гого Славески го освои појасот во бокс без ракавици во велтер категорија откако на поени го совлада Американецот Џејк Линдзи во главната борба на настанот кој се одржа во Мајами.
Gorjan Slaveski is the NEW BKFC Welterweight Champion! 😤#BKFC49 @bareknucklefc pic.twitter.com/0m73UQf0OZ
— Triller Fight Club (@trillerfight) August 26, 2023
Тоа беше борба на двајца борци кои немаа пораз до освој меч, Слаевски влезе со пет победи од пет дуели, а Линдзи со четири.
Немаше предвремен финиш на мечот, но Гого беше подобриот, остави поголем впечаток и на крајот судиите немаа дилеми на кој треба да му ја дадат победата.
Судиите беа едногласни, двајца од нив се одлучија за победа на Македонецот од 49-46, а еден 48-47.